Поврзете се со нас

Балкан

Црвена Звезда го загуби дербито, па реши да го замени тренерот Бахар со миленикот на фановите

Објавено

на

Актуелниот српски шампион Црвена Звезда ќе направи тренерска смена во пресрет на вториот дел од сезоната, а на досегашниот предводник Барак Бахар очигледно ќе му пресуди поразот од најголемиот ривал Партизан.

Денешното градско дерби им припадна на „црно-белите“ со резултат 2:1, со што Партизан е прв на табелата во српското првенство, а Бахар ќе мора да бара нова работа по само една полусезона.

Израелскиот стручњак беше доведен како човек кој со Црвена Звезда требаше да донесе респектабилни настапи и барем трето место во групата во Лигата на шампионите, но и сигурна одбрана на титулата во домашниот шампионат, а клубот и навивачите не беа задоволни од прикажаното изминатите неколку месеци.

Најавите на српските медиуми се дека клубот веќе го договорил наследникот, а тоа е поранешниот тренер Владан Милојевиќ, кој со постигнатите резултати стана миленик на фановите, но во 2021 година поднесе оставка и замина од Белград во Саудиска Арабија.

Денеска, Партизан го доби дербито со головите на Натхо од пенал и Салдања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни