Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Четворка на Ристовска во Љубљана

Објавено

на

Сара Ристовска и ЦСКА Москва пред неколку денови дојдоа до голем резултат и го совладаа Мец во Франција, но тоа издание не го повторија денеска во Словенија и загубија од Крим Меркатор со 24-21.

Ова беше меч во кој домашните ракометарки се прикажаа во подобро светло, па за еден гол беа подобри во првиот дел, додека во второто полувреме беа и поубедливи (13-11) за конечни на крајот плус три.

Нашата репрезентативка Ристовска против поранешниот клуб даде четири гола од пет обиди, односно имаше 80 процентна реализација. ЦСКА Москва со 9 бода е на 3 позиција во групата Б, во следното коло му гостува на Оденсе, тим кој во последниот ден од минатиот месец ги доби во Русија со 28-21.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни