Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за играчот кој загуби 38 топки против Интер: Треба да ни помогне многу повеќе

Објавено

на

Чави Ернандес се појави на денешната прес-конференција во пререт на утрешниот дуел со Селта Виго и се обиде да ги избегне сите прашања поврзани за контроверзните случувања во Милано, иако нагласи дека се уште е бесен од неправдата која им беше нанесена од судиите и луѓето во ВАР собата.

Тренерот на Барса вели дека неговите поплаки се доволен доказ за „грабежот“ со оглед на тоа што претходно никогаш не зборувал за судиите, но ставајќи го ова настрана, Чави го коментираше и индивидуалното издание на Усман Дембеле кој имаше меч за заборав.

Иако беше еден од најактивните против Интер и постојано се нудеше на соиграчите, статистиката откри дека Французинот дури 38 пати ја загубил топката и имал 19 неточни центаршутеви, по што Чави денеска призна дека очекува многу повеќе од Усман во блиска иднина.

– Јас најчесто го гледам тимскиот пристап. Сметам дека Дембеле е на вистинскиот пат. Му влеавме доверба, му дадовме љубов и многу сме задоволни од него.

– Направи разлика на неколку натпревари од стартот на сезоната, но има потенцијал за многу повеќе. Мора да верува повеќе во тоа што го прави во завршната третина, треба да прави разлика. Треба да ни помогне многу повеќе, имаме големи барања од него, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни