Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави пред битката со Интер: Ние сме во непријатна ситуација, ова е финале за Барселона!

Објавено

на

Барселона утре го дочекува Интер во Лигата на шампионите, меч на кој домаќините ќе бараат три бода затоа што истите им се повеќе од потребни во обидот да дојдат до позициите кои водат во нокаут фазата.

Каталонците претрпеа пораз од 1-0 на првиот дуел во Милано кој го одбележаа некои спорни судиски одлуки, меѓутоа тоа е веќе минато и шпанскиот вицешампион мора да се фокусира на утрешната битка која тренерот Чави Ернандес ја оцени како финале.

-Очекуваме Интер да игра многу слично како што играше во Милано. Тие имаат низок блок, но ние имаме алтернативи. Подготвени сме, мора да личиме на Барса од последните 20 минути во Милано. Ова е финале за нас. Ние сме во непријатна ситуација, но ќе дадеме се од себе, -порача Чави.

По три кола во групата Ц, Баерн е прв со 9 бода, Интер е втор со 6 по што следуваат Барселона (3) и Плзен (0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни