Поврзете се со нас

Македонија

Брестовац го напушти Тиквеш, повторно ќе биде селектор

Објавено

на

Македонскиот ракометен стручњак, Данило Брестовац нема повеќе да го води тимот на Тиквеш.

Брестовац имаше одлични резултати со прволигашот од Кавадарци кој е во трка за излез во Европа, но на три кола до крајот на шампионатот се реши да си замине затоа што доби одлична понуда од Обединети Арапски Емирати (ОАЕ).

Тој е веќе во Дубаи каде и официјално ќе биде промовиран како нов селектор на оваа земја. Данило веќе има работено на Блискиот Исток како предводник на Ал Мадар од Саудиска Арабија со тоа што ова ќе биде нов предизвик и тоа како селектор на ОАЕ.

Претходно Брестовац ја водеше и македонската репрезентација, младите котегории, па дефинитивно знае што значи ангажман во национален тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни