Поврзете се со нас

Лига на нации

Бензема постигна фантастичен гол во Париз, Корнелиус одговори и ги шокираше Французите (Видео)

Објавено

на

Франција со пораз ја стартуваше новата сезона во Лигата на нации, но доста полоша вест беше тоа што се повредија двајца стартери во тимот на Дешамп.

Килијан Мбапе и Рафаел Варан не го доиграа мечот поради физички проблеми, но ова беше само најава за уште полошата вечер која ја доби францускиот селектор.

Франција загуби на „Стад де Франс“ со резултат 1:2, и тоа откако поведе во второто полувреме со фантастичниот гол на Карим Бензема. Резервистот Нкунку одлично комбинираше со Карим и напаѓачот на Реал постигна извонреден гол во шеснаесетникот, но потоа следеше одговор од Данците.

Корнелиус постигна два гола за целосен пресврт во Париз, но оној вториот беше навистина спектакуларен и не му даде никаква шанса на Уго Лорис.

Данскиот напачач распали со сета сила откосо, погодок со кој ја обезбеди победата на данската селекција на тешкото гостување кај светскиот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни