Поврзете се со нас

Балкан

Атанасов доби нов тренер во Хајдук

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов доби нов тренер во екипата на Хајдук.

Клубот од Сплит одлучи да се раздели со Валдас Дамбраускас по ремито со Шибеник во домашниот шампионат (1-1), па експресно донесе одлука околу неговиот наследник кој ќе биде Мислав Кароглан.

Кога е во прашање Дамбраускас тој ја заврши приказната со Хајдук со 23 победи, 8 нерешени и 7 порази, односно ќе остане запаметен како тренер кој му го донесе првиот трофеј на клубот по пауза од девет години и тоа оној во Купот на Хрватска.

Јани и соиграчите со 13 бода се наоѓаат на 4. место на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни