Поврзете се со нас

Англија

Артета знае зошто Арсенал претрпе тежок пораз од Сити: Не ги исполнивме основните работи

Објавено

на

Арсенал веќе не зависи сам од себе за титулата во Премиер лигата и ќе мора да се надева на два кикса на Манчестер Сити до крајот на сезоната, бидејќи тимот на Пеп Гвардиола ја оправда фаворитската улога на „Итихад“ и во големото дерби славеше со 4:1.

Бранителот на титулата сега се приближи на минус два од Арсенал, но во „ракав“ има и два натпревари, кои доколку ги добие, би имал четири бода повеќе од главниот ривал за титулата.

Ова му е јасно и на Микел Артета, кој по уверливото издание на домаќините спортски го призна поразот и нагласи дека неговиот тим потфрлил во исполнувањето на основите фудбалски работи.

– Загубивме од подобар тим и тука нема ништо друго да се каже. Тие беа извонредни, а кога се така расположени, многу е тешко да бидете на нивно ниво. За жал, ние денеска бевме далеку од нашето најдобро ниво, посебно во првото полувреме.

Кога играте така против Сити, немате шанси. Тие издоминираа против нас, не можевме да се носиме со нив. За да добиете вакви натпревари, мора да започнете од основите работи, а ние потфрливме во тоа. Кога велам основни работи, мислам на добивањето на дуелите, тие ги добија речиси сите важни дуели. Нормално е да сме разочарани, но треба да се гледа и пошироката слика. На стартот на сезоната, сите велеа дека ќе бидеме шести или седми, но еве до каде стигнавме. Неверојатно е самото тоа што се бориме со Сити. Ќе се бориме до крај и нема да се откажеме. Имаме уште пет натпревари, долго сум во спортот и се може да се случи, – изјави Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни