Поврзете се со нас

АТП

Арналди откри дали ќе го задржи постерот од Ноле откако го надигра Србинот: Секоја вечер пред да си легнам…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Лука Арналди ја оствари најголемата победа во својата кариера и 20-годишниот тенисер го шокираше својот идол, од кого интересно се уште има постер во својата соба.

Младиот италијански тенисер режираше сензација на денот во Индијан Велс и го победи светскиот рекет број еден со 2:1 во сетови, пред се благодарение на агресивната игра и напаѓачкиот пристап.

Интересно во целата ситуација е што Арналди влезе на главниот турнир како „среќен губитник“ и во принцип воопшто не требаше да биде на патот на Ѓоковиќ, но откако изненадувачки се најде во ждребот, денеска приреди огромно изненадување.

Арналди во минатото самиот има откриено дека својата јуниорска кариера ја градел со замисла да игра тенис како Ноле, а откако го победи својот идол, призна дека постерот од Србинот се уште го чува во неговата соба.

– Да, да, постерот се уште е тука. Секоја вечер пред да си легнам во кревет, го гледам Новак. Мислам дека од сега ќе продолжам со оваа традиција, особено откако го победив. Се уште го имам постерот од него и ќе го задржам, – изјавил Арналди по победата од 6:4, 3:6 и 6:3 во третото коло на Индијан Велс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни