Поврзете се со нас

Англија

Антони го објасни својот контроверзен потег на дуелот со Ковентри: Го бранев својот клуб

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед се намачи да стигне до финалето на ФА Купот, а во полуфиналето мораше преку пенал рулетот да го елиминира Ковентри, кој му создаде големи проблеми на ривалот.

Фановите имаа многу забелешки за начинот на кој Јунајтед дозволи да биде прокоцкана голема предност, а критики заработи и Антони, кој испрати провокација кон противничките фудбалери по конечниот расплет на натпреварот на „Вембли“.

Бразилецот денеска реши да излезе со соопштение, па преку социјалните мрежи го објасни својот потег.

– Ковентри покажа зошто стигнал до полуфиналето, а ние успеавме да ја оствариме целта и да ги израдуваме фановите со пласман во финалето.

– Начинот на кој нашите навивачи беа третирани од нивните фудбалери не беше добар, па јас со жешка глава реагирав на провокацијата како природна одбрана на мојот клуб, – вели Антони, кој заработи многу критики поради потегот.

Мегваер покажа класа по пенал рулетот, Антони им се потсмеваше на играчите на Ковентри (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни