Поврзете се со нас

Англија

Мегваер покажа класа по пенал рулетот, Антони им се потсмеваше на играчите на Ковентри (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед избегна срам на „Вембли“ и успеа да го елиминира Ковентри на пенали, откако претходно во регуларниот дел од мечот испушти позитива од три гола.

Тимот на Ерик Тен Хаг водеше 3:0 и му дозволи на второлигашот да се врати во полуфиналето, а на крајот имаше и огромна среќа бидејќи ВАР поништи погодок на Ковентри за 4:3.

Тимот од Чемпионшип лигата погоди во 121-та минута и се израдува на победнички гол, но истиот подоцна беше поништен поради офсајд ситуација.

Тоа му овозможи на Јунајтед да стигне до пенал рулет и да победи во истиот, по што „ѓаволите“ се пласираа во финалето во кое вчера се чекираше Манчестер Сити.

По клучниот гол на Хојлунд од пенал, Хари Мегваер покажа класа и веднаш тргна да им честите на играчите на Конвентри кои изиграа херојски, додека Антони реши да ги исмева и се сврте кон нив и ги стави дланките на ушите.

Овој гест на Бразилецот е доста коментиран на социјалните мрежи, а во најголем дел од коментарите Антони добива жестоки критики од фановите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни