Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за одлуката на Бензема: Тоа беше изненадување, но…

Објавено

на

Карим Бензема верно му служеше на Реал Мадрид од 2009 година, но секоја приказна има свој почеток и крај, па така е и оваа на францускиот напаѓач кој се збогуваше со клубот, навивачите на средбата со Атлетик Билбао во Примера.

Тој го постигна единствениот гол за „кралевите“ во ремито од 1-1, а тренерот Карло Анчелоти му дозволи да има вистинско испраќање од фановите со оглед на тоа што го повлече од игра по што сите присутни на „Сантијаго Бернабеу“ му се поклонија. Ова е крај на една ера, потег кој ќе донесе сериозни промени во Реал затоа што клубот ќе мора да бара наследник на Карим, а како кандидати се споменуваат Хари Кејн, Виктор Осимен…

Тренерот Карло Анчелоти беше искрен и посочи дека бил изненаден од одлуката на Французинот да го напушти Мадрид.

-Го тренирав еден од најдобрите на светот. Не само како напаѓач, туку како комплетен фудбалер. Тој е одлична личност, љубезен, скромен, сериозен. Не можеме да бидеме среќни, но мораме да го почитуваме. Го заслужи правото да одлучува. Тој направи легендарни, незаборавни работи. Беше изненадување, но е дел од процесот на транзиција. Имаме време да размислиме што ќе правиме. Зборував со него утрово и ми кажа дека заминува. Му ја покажав сета моја почит за се што направи, -рече Карло и додаде:

-Сакаме да ангажираме напаѓач кој ќе постигнува голови, ќе се вклучува во играта и ќе се адаптира на нашата игра. Но мечевите не се добиваат само со напаѓачи. Имаме двајца млади со голема важност во Винисиус и Родриго, -заклучи Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни