Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти: Азар треба да остане мирен и да го следи примерот на својот соиграч

Објавено

на

Реал Мадрид утре ќе го одигра вториот натпревар против Шахтјор во групната фаза во Лигата на шампионите, овојпат на домашен терен по преубедливиот триумф кој го остварија „кралевите“ во Украина (0:5).

Карло Анчелоти ги изврши своите обврски попладнево и направи најава за вториот меч со Украинците, обраќање при кое ги потсети своите фудбалери дека не смеат да помислат на опуштање и потценување на ривалот, нешто што веќе им се случи против Шериф Тираспол на „Сантијаго Бернабеу“.

Италијанецот беше запрашан дали ќе прави промени во тимот со оглед на згуснатиот период во последно време, но доби и директно прашање за Еден Азар кој одигра вкупно 28 минути на последните три натпревари.

– Азар тренира добро и му преостанува само една работа. Треба да има надеж, треба да верува дека ќе дојде неговиот момент. Треба да го следи примерот на својот соиграч. Кој мислеше дека Маријано ќе биде стартер против Елче? Дојде неговиот момент и тој го искористи. Тоа треба да го направи и Азар, да ја чека својата шанса. Истото важи за сите оние кои играат помалку во последно време, – изјави Анчелоти кои се осврна и на Јовиќ кој нема настапено на четири меча, а последните два ги мина целосно на клупата за резерви.

– Јовиќ се чувствува добро и среќен е тука. Се обидувам да му дадам максимална поддршка и љубов. Знае дека ми се допаѓа неговата игра и неговиот стил, но пред себе го има најдобриот играч во светот. Како и Азар, тој мора да биде подготвен, бидејќи со текот на сезоната нешто ќе се промени и ќе добие шанса, – заклучи Дон Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни