АТП
Алкарас победи и остана во игра за полуфинале, Рубљов комплетно откачи на теренот и си го раскрваре коленото (Видео)

Карлос Алкарас во вториот обид стигна до првата победа на завршниот Мастерс турнир во својата кратка кариера, откако денеска во второто коло од „црвената група“ беше подобар од Анреј Рубљов.
Шпанецот си ги задржа шансите за пласман во полуфинале бидејќи славеше со 2:0 во сетови, издание кое сигурно ќе го поправи впечатокот по трите порази кои ги врза на три различни турнири.
Светскиот рекет број два успеа да најде решение за Рубљов, кој исто како и во воведното коло, беше максимално нервозен и не успеваше да ги контролира емоциите.
Поради таквиот пристап, Андреј лесно загуби од Данил Медведев, а денеска му се повтори истото и имаше уште поголемо „помрачување“ на стартот на вториот сет.
Откако Алкарас поведе со 1:0 (7:5) и направи брејк на стартот на вториот сет, Рубљев целосно откачи на теренот и си зададе неколку удари во колено, а со тоа си ја раскрваре ногата и мораше да бара медицинска помош.
Со ваквиот однос, Рубљов неверојатно потесети на својот сонародник Михаил Јужни, кој пред десетина години си ја дупна главата откако си зададе неколку удари со рекетот.
Rublev needs to relax 🤣pic.twitter.com/yjPynAbtQh
— TTW🏀⛹🏿🎾 (@TailToWin) November 15, 2023
#Rublev lost his cool & smashed his knee with his racquet & is bleeding on court. Reminds me of #Youzhny bleeding after he smashed his head! Also #Raducanu famously scraped her knee in #USOpen final & that MTO gave her a vital break in momentum Vs #LeylahFernandez who was… pic.twitter.com/YSGCexABDr
— Hidden truth Guru (@rajeshworld) November 15, 2023
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 22 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)