Поврзете се со нас

АТП

Алкарас и Ѓоковиќ се погрижија за необична увертира на Мастерсот во Париз: Се надевам дека ќе ме победува само на тренинг (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/carlitosalcarazz

Карлос Алкарас го прескокна турнирот во Базел поради повреда која ја заработи на турнејата во Азија, па денеска призна дека не доаѓа 100 посто подговен на Мастерсот во Париз.

Шпанецот ќе биде еден од главните фаворити за трофејот и во такви услови, но самиот нагласи дека ќе има голема конкуренција и очекува посебно добри изданија од Ѓоковиќ, Синер и Медведев.

– Не сум сто посто подготвен, ќе ве излажам ако ви кажам дека е така. Во овој период од сезоната, после толку натпреварувачки денови, мислам дека ниту еден играч не е сто посто подготвен. Се уште имам болка, но мислам дкеа сум доволно подготвен за да го дадам најдоброто во Париз. Има и други играчи со добри шанси за успех. Новак, Синер е во добра форма, а истото важи и за Медведев. Има многу кандидати за освојување на овој турнир, – изјави Алкарас.

Интересно, Карлос и Новак вчера одработија тренинг во француската престолнина и на несекојдневен начин се загреваа за главниот турнир, а при спарингот одиграле и еден сет во натпреварувачки ритам.

– Мислам дека тоа беше најдобриот начин да се подготвам за овој турнир. Да тренирам со најдобриот. Зборувавме за такво нешто уште пред да дојдеме во Париз и на крајот го остваривме тоа. Новак ме победи, а јас се надевам дека тоа ќе остане така само во вакви околности, само кога ќе имаме мечеви на тренинг, – изјави Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни