Поврзете се со нас

АТП

Алкарас е убеден: Ќе го освојам Вимблдон

Објавено

на

Карлос Алкарас има добар настап на турнирот во Лондон каде успеа да се избори за место меѓу четирите најдобри, а тоа дефинитивно му ја зголеми самодовербата пред третиот календарски грен слем Вимблдон.

Тревната подлога не му е омилена на Алкарас како и впрочем на сите шпански тенисери, но добрите настапи, победи, носат нова енергија, задоволство, па тој е задоволен од правецот во кој се движи неговиот тенис, игра.

-Овој меч е убедливо најдобар во мојата кариера на трева. Чувствувам дека имам многу повеќе искуство од претходните години. Јас сум позрел на оваа подлога. Како што играм повеќе натпревари на трева, ќе можам да станам подобар играч, -вели Карлос кој е убеден дека во блиска или подалечна иднина ќе слави на Вимблдон.

-Се обидувам да учам од најдобрите и ми е се поудобно. Мислам дека ќе освојам барем еден Вимблдон, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни