Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид го доби возбудливото дерби во Кавадарци и со максимален учинок патува во плејофот

Објавено

на

Очите на македонската ракометна јавност денеска беа вперени во Кавадарци, каде се одигра последното дерби за 2023-та година меѓу екипите на Тиквеш и Алкалоид.

Тиквеш уште еднаш покажа дека поседува сериозен квалитет кога игра на домашен терен и потврди дека е тежок ривал за било кој противник, но сепак квалитетот на Алкалоид исплива на површина и избраниците на Кирил Лазаров успеаја да победат.

Со триумфот од 23:25, Алкалоид перфектно го зварши регуларниот дел од сезоната и со 14 од 14 ќе патува со максимални три поени во плејофот, а од овој резултат највеќе профитираше Охрид.

Поразот на Тиквеш значеше дека Охрид како второпласиран ќе замине со два бода во разигрувањето, додека кавадарчани како третопласирани само еден.

Џонов со пет гола беше најдобар во победничкиот тим, Маркоски постигна еден помалку, а по три реализации имаа Бинго, Велковски и Ѓоргиев. Играч на мечот беше Обина кој постигна 12 гола, но сепак тоа не беше доволно за победа на Тиквеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни