Поврзете се со нас

Италија

Алегри: Полесно е да се игра со ПСЖ отколку со Салернитана

Објавено

на

Масимилијано Алегри брзо се префрла на случувањата во Серија А и Јувентус утре го чека меч со Салернитана, кој тренерот на „старата дама“ го окарактеризира како потежок од оној кој тимот го одигра во Париз.

Јуве утре ќе биде домаќин во дуелот против тимот кој се очекува да води грчевите борба за опстанок, но Алегри тврди дека потешко е да се игра со такви тимови кои се бранат 90 минути, отколку со тим пополнет со ѕвезди како оној на ПСЖ.

Италијанците им ја препуштија иницијативата на домаќините од Париз и во добар дел беа организирани исклучиво на одбрана, па преку против-напади беа огромна закана во вториот дел и за малку не дојдоа до израмнување.

– Натпреварите после настап во Лигата на шампионите секогаш носат голем ризик. Салернитана е еден од најдобрите тимови од оние кои ќе се борат за опстанок. Никола заврши неверојатна работа тна крајот од минатата сезона и сега имаат и засилувања. Не чека многу тежок меч, тешко ќе стигнеме до трите бода.

– Ди Марија нема да игра утре, нема да игра ниту Локатели кој е изморен. Паредес ќе игра, а Ди Марија би требало да се врати за мечот во среда. Утрешниот меч за мене е поважен од оној во среда. Полесно беше да се игра против ПСЖ во вторникот, отколку против Салернината. Тимови како ПСЖ ви остават простор, а утре ќе немаме многу простор на теренот и ќе треба да пронајдеме пат до голот, – изјави Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни