Поврзете се со нас

Репрезентација

Агуши ќе му помага на Скендеровски во футсал репрезентацијата на Македонија

Објавено

на

foto: ffm.mk

Македонската футсал репрезентација доби нов член и тоа во стручниот штаб во името на Ферид Агуши кој ќе му помага на актуелниот селектор Васко Скендеровски.

-За мене е голема привилегија да бидам дел од стручниот штаб во најдобрата македонска футсал репрезентација. Им благодарам на Фудбалската федерација на Македонија што ми дадоа доверба да бидам дел од стручниот штаб во А селекцијата. Македонија има квалитет и силно верувам дека со голема работа и посветеност можеме да постигнеме многу повеќе како репрезентативен тим. Долги години се познаваме со сите во тимот. Верувам дека ќе имаме позитивна атмосфера за да постигнеме големи работи, -порача Агуши кој е тренер на футсал тимот Приштина 01.

Ферид има над 100 одиграни натпревари со дресот на македонската репрезентација. Дебитираше во 2010 година, додека на клупски план има богата и трофејна кариера со различни клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни