Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Агуеро излезе со свој тип за дербито меѓу Реал и Сити и уплати 10 илјади долари (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/kunaguero

Серхио Агуеро беше еден од најсреќните луѓе во светот кога Манчестер Сити го елиминираше Реал Мадрид во полуфиналето пред една година, особено поради горчината која ја доживеа една година претходно.

Аргентинецот стана вирален хит со своите реакции на нестварниот пресврт кој го направи Реал во 2022-ра година на патот до трофејот во најелитното натпреварување, а судбината посака овие два ривали да се сретнат и трета година по ред.

Овојпат ќе играат во најрана фаза и Реал вечерва ќе биде домаќин на „Сантијаго Бернабеу“, а на неколку часа пред пресметката, Кун Агуеро откри дека се обложил на овој натпревар.

Поранешниот аргентински напаѓач не типува со фикс и не сака да прогнозира кој ќе ја однесе победата, но затоа очекува да бидат постигнати барем три гола во Мадрид.

Доколку тоа се оствари, Агуеро за уплатени 10 илјади, ќе инкасира 18,900 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни