Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Адеми по лошиот финиш на Динамо: Јас сум виновен за ова што се случи

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми постигна два гола на дуелот меѓу Динамо и Валур во квалификациите за Лигата на шампионите, но на крајот ја презема вината на себе поради тоа што хрватскиот првак победи само со 3:2.

Адеми погоди во 8 и 72. минута, но не реализираше пенал на резултат 3:0, по што исландскиот тим во завршницата стигна до 3:2.

– Одигравме добри 80 минути, а потоа промашивме пенал, поточно јас промашив пенал и затоа ја преземам одговорноста за резултатот.

– Жал ми е, виновен сум, можеше да биде 4:0, а ние ги вративме во игра. Се надевам дека на реваншот ќе изгледаме како во првите 80 минути, мора таму да ја завршиме работата.

Динамо е апсолутен фаворит во двомечот со Валур, а реваншот во Рејкјавик е закажан за следниот вторник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни