Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Маестралниот Адеми постигна два извонредни гола, Динамо ќе направеше од „готово-вересија“ (Видео)

Објавено

на

Динамо Загреб имаше импресивни 3:0 до самата завршница од мечот со Валур во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, но малку фалеше да направи од „готово – вересија“ бидејќи прими два гола во 120 секунди.

Аријан Адеми немаше воопшто време за пауза по крајот на Европското првенство и веднаш му се стави на располагање на Динамо, а попладнево беше најдобар играч на „Максимир“ бидејќи постигна два погодоци.

Капитенот на Динамо стрелаше за 1:0 по одлично примена топка од корнер и добра реализација, а вториот гол го даде во 72-та минута со една мирна завршница со послабата лева нога. Македонскиот репрезентативец маестрално ја заврши контрата, а претходно Мајер беше стрелец на голот за 2:0.

Во продолжение, Адеми не реализираше пенал за 4:0, по што следеа ужасни 120 секунди за „модрите“ во периодот од 89-та до 90-та минута.

Сигурдсон намали на 3:1, а Адолфсон погоди за 3:2 во 90-та минута и направи Динамо да има далеку потешка задача на гостувањето во Исланд кое се игра наредната седмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни