Поврзете се со нас

Лига Европа

Адеми и Ристовски не успеаја да го елиминираат Вилјареал, Арсенал се распука во Прага

Објавено

на

Вечерва беа одиграни сите четири реванш натпревари од четвртфиналето од Лига Европа по кои се познати полуфиналистите во второто по ранг натпреварување во Европа.

Единствените македонски репрезентативци кои зедоа учество во четвртфиналето, Стефан Ристовски и Арјан Адеми со својот Динамо Загреб се елиминирани од Вилјареал кој и на вториот натпревар стигна до победа, овојпат со 2:1. Стрелци на головите за шпанскиот тим беа Пако Алкасер и Морено уште во првиот дел, додека во второто полувреме почесен погодок постигна Орсиќ. Ристовски играше до 62. минута, додека Адеми го напушти теренот во 82. минута.

Арсенал се разлути по ремито на „Емирејтс“ против Славја Прага и славеше на гостувањето во Чешка со убедлива игра и високи 4:0. „Топчиите“ уште во првото полувреме ја завршија работата кога со брзи три гола преку Пепе, Лаказет и Сака стигнаа до сигурни 3:0. Конечниот резултат го постави Лаказет со својот втор гол во 77. минута.

Манчестер Јунајтед со идентични 2:0 како на првиот натпревар славеше против Гранада и без проблем се пласираше во полуфиналето каде ќе се соочи со Рома која успеа да ја задржи позитивата по првиот натпревар со Ајакс играјќи на домашен терен реми (1:1) кое беше доволно за пласман во следната фаза.

Полуфинални двојки во Лига Европа

Арсенал- Вилјареал

Манчестер Јунајтед- Рома

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни