Игри на среќа
Комплетно реновирано спортското игралиште на ОУ „Кочо Рацин“-донација на Спорт Лајф
Со донација на „Sport Life“, игралиштето во ОУ Кочо Рацин –Скопје, е комплетно реновирано во мултифункционално спортско игралиште, за спортови како: фудбал, одбојка, ракомет, а понатаму и за тенис.
Новото спортско игралиште е од отворен тип и ќе се користи како за потребите на училишната настава, така и за слободни активности на децата вон наставата.
“Особено сме среќни што овој проект се реализира успешно и што ќе овозможи децата да се рекреираат, спортуваат и притоа стекнуваат голем број вештини важни за нивниот психофизички развој. Наша заедничка цел е развој на спортот и здравјето на децата во нашето општество. Посакуваме да се користи што почесто и за разни настани во духот на спортот и спортскиот живот“- велат од Sport Life.
Од страна на училиштето „Кочо Рацин“, во името на целиот колектив, директорот Јовица Остоиќ, изрази голема благодарност за донацијата на „Sport Life“, истакнувајќи ја како пример за поттикнување на развојот на спортот во земјата, преку создавање на соодветни услови за спортување на децата уште во рана возраст.
Вкупната инвестиција за комплетно реновирање на спортското игралиште изнесуваше 1,5 милиони денари – донација од Sport Life.
-
НБАпред 3 часа
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
НБАпред 16 часа
Баркли за неуспехот на Лејкерс и Феникс: Има само една причина за тоа
-
Лига на шампионипред 24 часа
Дортмунд за играчот кој беше незадржлив против ПСЖ: Сите му должите извинување (ФОТО)
-
Италијапред 17 часа
Ибрахимовиќ за големата загуба: Последен пат плачев по неговата смрт
-
Англијапред 23 часа
Опции за Португалецот: Пет клубa во кои Фернандеш може да направи трансфер ова лето
-
НБАпред 20 часа
НБА Топ 5: Шоу на Дончиќ и Ирвинг против Клиперс (ВИДЕО)
-
АТПпред 24 часа
Алкарас: Едвај чекам да го видам Ѓоковиќ
-
Англијапред 17 часа
Невил за „траумите“ од тренерското искуство во Ла Лига: Тој не сакаше ни да се ракува со мене