Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зидан пред реваншот со Челси: Ќе се бориме до смрт, ова е полуфинале

Објавено

на

Реал Мадрид ќе се обиде да избори ново финале во Лигата на шампионите како гостин кај Челси, иако не успеа да обезбеди предност на првата средба.

Ремито 1:1 дава почетна предност за премиерлигашот, тренерот Зинедин Зидан вели дека неговите фудбалери се подготвени за битка до последната секунда.

– Ова е полуфинале на Лигата на шампионите, ќе се бориме до смрт на теренот.

– И оваа сезона имавме тешки моменти, но мојот тим покажа дека поседува карактер. Секогаш кога е тешко, тие знаат да го направат тоа што е потребно.

– Тие се најдобри фудбалери во моите очи и секогаш го докажуваат тоа. Секогаш има предизвици, но ние сме таму каде што сакаме да бдеме и каде што заслужуваме да бидеме, – изјавил Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни