Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Жоржињо за најспорниот момент во Милано: Имаше пенал, ама не беше за црвен картон (ВИДЕО)

Објавено

на

Челси издвојува уште една победа над Милан (2-0) во Лигата на шампионите, резултат во кој голема улога имаше главниот судија Даниел Зиберт кој во првиот дел досуди пенал и директен црвен картон за Фукајо Томори по што се беше полесно за премиерлигашот.

Одлука која ќе се коментира: Томори доби дискутабилен црвен картон, Челси ја искористи предноста на теренот (ВИДЕО)

За многумина е спорно што „сините“ воопшто добија пенал во таа ситуација, а за друг пак казната за дефанзивецот кој директно беше испратен во соблекувалната.

Околу овој момент свој коментар имаше Жоржињо кој беше реализатор на најстрогата казна.

-Мислам дека беше пенал. Можеби не беше за црвен картон, ама сигурно пенал, -им одговори играчот за врска на Дел Пјеро и другите аналитичари кои тврдеа дека воопшто немало ни пенал во таа ситуација.

-Очигледно, тоа е поинаква игра кога имате предност и играте и против 10 играчи, тоа се олеснува. Овој пат беше полесно за нас, ова е важна победа за нас, -истакна италијанскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни