Поврзете се со нас

Репрезентација

Замени за повредените: Лазаров повика две нови имиња за соочувањата со Португалија

Објавено

на

Најдобрата македонска ракометна репрезентација ја очекуваат два меча со Португалија во рамките на квалификациите за Европското првенство кое наредната година се игра во Германија.

Нашата селекција се соочува со доста проблеми во пресрет на дуелите закажани за 9 и 12 март, па предводникот Кирил Лазаров мораше да повика нови имиња. Имено поради различни причини откажаа Филип Талески, Павле Атанасијевиќ, Жарко Пешевски и Марио Танкоски, па поради тоа нашиот селектор се реши да додаде двајца играчи и тоа од редовите на Вардар, Михаел Аларов и Марко Мишевски.

Со оглед на тоа што Кире претходно реши да не ги повика Дејан Манасков и Гоце Георгиевски ова значи дека репрезентацијата ќе има и тоа како тешка задача против Португалците кои веќе редовно играат на сите големи натпреварувања и се селекција која располага со широк ростер и голем квалитет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни