Поврзете се со нас

Светски првенства

Заедништво кое донесе светска титула: Меси и неговите „војници“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Аргентина успеа по пауза од 36 години да ја врати мундијалската титула и на тој начин да донесе неизмерна радост на сите луѓе во нивната земја.

Долго се чекаше на нова шампионска генерација по оние на Марио Кемпес и Диего Армандо Марадона, но дојде и тој момент, па Лионел Меси како лидер, капитен испиша нова историја или поточно тој заедно со сите борци, момци кои функционираат перфектно како група додадоа уште една ѕвездичка.

Оваа генерација е посебна затоа што има големо заедништво, дух, сите напорно работат за остарување на целта со тоа што на тој пат како најистурен е Меси.

Во продолжение погледнете го следново видео кое најдобро говори за врската која Меси ја има со оваа група на играчи, односно ја покажува тајната на успесите на Аргентинците кои во последниве години триумфираа и на Копа Америка, но и беа подобри од Италија во битката за трофејот на Финалисима.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни