Поврзете се со нас

СЕХА лига

Вујовиќ за исфрлањето на Вардар од завршниот турнир во Задар: Каква срамна одлука!

Објавено

на

Екипата на Вардар во наредниве денови требаше да биде дел од завршницата на СЕХА лигата, поточно од фајналфор турнирот во Задар од 3 до 5 септември, но и покрај тоа што чесно го заработи на терен извршниот одбор одлучи да го елиминира од натпреварувањето.

СЕХА потврди: Вардар доби „црвен картон“ и нема да игра на завршниот турнир во Задар

Причината за тоа е позитивниот тест на голманот Борко Ристовски и стравувањето дека вирусот може да се прошири кај останатите. Меѓутоа тестовите на останатите направени во Загреб биле негативни, дел од играчите се и вакцинирани, па Вардар дури и бил подготвен да игра и со 11 играчи кои имаат сертификат за вакцинација, ама не беше дозволена, па своето разочарување не го криеше тренерот Веселин Вујовиќ.

-Каков срам. Велат дека е позитивен само Борко додека за седум играчи не поминале 14 дена од втората доза на вакцина, па се критични. Сакавме да го повториме тестот, но и тоа не го допуштија. Сите имаме ПЦР тестови, баравме да ги направиме повторно. Сакав дури да играм и со 11 играчи кои имаат потврда за вакцинација, но и тоа не го дозволија, -вели Вујовиќ за „Спортски Журнал“.

Интересно од СЕХА одлучија ППД Загреб да го замени Вардар во Задар, тимот кој беше поразен во четвртфиналето од „црвено-црните“, тимот кој со бореше со македонскиот тим, играчите и занимливо е како тие не се опасност за Мешков Брест и целиот турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни