Поврзете се со нас

СЕХА лига

СЕХА потврди: Вардар доби „црвен картон“ и нема да игра на завршниот турнир во Задар

Објавено

на

Македонскиот ракометен шампион Вардар нема да настапи на завршиот турнир во СЕХА регионалната лига кој е на програмата од  3 до 5 септември во Задар.

„Црвено-црните“ си ја завршија својата задача на теренот и во четвртфиналниот двомеч беа подобри од ППД Загреб, меѓутоа поради појава на коронавирусот македонскиот претставник е елиминиран, исклучен од натпреварувањето.

Имено тестовите во хрватската престолнина покажале дека има заразен член со КОВИД-19, па поради тоа што и другите имале контакт со него и можноста вирусот да се пренесе е одлучено Вардар да добие „црвен картон“ за настапот во Задар.

Извршниот комитет на СЕХА лигата имал состанок и е донесена ваква одлука со тоа што местото на двократниот европски шампион ќе биде пополнетот со ППД Загреб. Во објаснувањето стои дека Загреб добива шанса за настап затоа што играл во четвртфиналето со Вардар, но и поради фактот што најдобро рангиран тим во регуларниот дел од сезоната.

Ова значи дека „плинарите“ во полуфиналето ќе се соочат со Мешков Брест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни