Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ пред тешкото гостување: Две победи на трите важни натпревари ќе бидат мелем за нашите рани

Објавено

на

Foto:rkvardar.mk/

По петте последователни порази во Лигата на шампионите, Вардар не може да има потешка задача за прекинување на лошата низа, бидејќи утревечер гостува на еден од најнезгодните терени во Европа.

Германскиот великан Кил важи за апсолутен фаворит против било кој противник кога игра на домашен терен, па така ќе биде и утре против тимот кој западна во голема резултатска криза по возбудливиот старт на сезоната.

Вујовиќ нема да може да смета на Гаџа и тоа не е воопшто добра вест за него, но тренерот на Вардар потенцира дека се надева на добра претстава против Кил, која ќе им помогне на наредните два клучни натпревари.

– Не чекаат три исклучително тешки и важни натпревари во краток временски интервал. Прво е густувањето кај Кил, а против Кил на негов терен, ниту еден тим во Европа не е фаворит. Наша цел е да одиграме квалитетен натпревар, кој ќе ни послужи како мотивација за мечот со Загреб на гости во Лигата на шампионите и третото гостување кај Еурофарм Пелистер во домашното првенство.

– За жал, Гаџа не е способен да игра на утрешниот меч поради вироза, а Кудуз се враќа да му помогне на тимот иако не е максимално подготвен. Од трите натпревари кои не чекаат, две победи би биле мелем за нашите рани, – порача Вујовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни