Поврзете се со нас

АТП

Втора промена во Торино: Циципас се повлече од завршниот турнир и го отстапи своето место

Објавено

на

Стефанос Циципас е вториот тенисер кој се повлекува од АТП завршниот Мастерс турнир во Торино, откако Гркот проценил дека нема никаква поента да продолжи со играње во ситуација кога има проблеми со лактот.

Циципас претрпе пораз во првата рунда од Андреј Рубљов, но пред својот настап на четвртиот натпреварувачки ден во Италија, донесе одлука за повлекување и своето место му го отстапи на втората резерва.

Јаник Синер веќе го замени Матео Беретини кој исто така поради повреда се повлече во својот прв меч со Зверев, а втора замена е Камерон Нори кој исто така имаше сезона за паметење.

Британецот извонредно напредуваше на АТП листата и сега дочека шанса да заигра на завршниот Мастерс турнир, на кој вечерва ќе го има своето деби против Каспер Руд.

Пред тој меч, на програмата е пресметката меѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов, двајцата тенисери кои имаат по една победа во оваа група.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни