Поврзете се со нас

Македонија

Воска Спорт си подаде рака и со Вилдан Керим

Објавено

на

foto: F.C Voska Sport

Воска Спорт ќе дебитира во најсилната домашна конкуренција во натпреварувачката 2023/2024, па сега во најдобро светло да се престави во шампионатот, па поради тоа се ангажираат докажани и проверени имиња.

Најновото засилување за Воска е 28-годишниот Вилдан Керим. Последен негов клуб беше Гостивар, а во досегашната кариера освен во Македонија има настапувано во Косово и Турција.

Керин е последниот играч кој слета во охридскиот прволигаш, претходно беа обезбедени потписите на Фатих Исмаили, Никола Стијеповиќ, Алекса Марушиќ, Николче Шаркоски, Бурхан Мустафа, Бесир Исени и тренерот Миљан Радовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни