Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус со емотивна порака го испрати Бензема: Една работа никогаш нема да заборавам (Фото)

Објавено

на

Винисиус Жуниор најмногу научи од Карим Бензема во последните 5 години кои ги мина во Реал Мадрид, па токму поради тоа, Бразилецот најемотивно го доживува заминувањето на францускиот фудбалски мајстор.

Реал Мадрид попладнево соопшти дека Бензема и дефинитивно си оди по крајот на сезоната и му дозволува сам да решава за својата иднина, а со тоа се става крај на една незаборавна етапа која траеше 14 години.

Карим освои 25 титули како играч на Реал и тоа е рекорд во клубот, но какво значење и каква трага остава во клубот доста добро опишува објавата на Винисиус.

– Бензвини, Винзема….. Како и да е….. Резултатот секогаш беше ист: Голови, насмевки, титули и пред се, учење. Кога едно младо момче дојде од Сао Гонсало, беше премногу срамежливо и тивко, ти беше првиот кој ме пречека во Мадрид во 2018-та година. Тоа никогаш нема да го заборавам.

– Растев со тебе, ја освоивме Шпанија, Европа и целиот свет. Можев да аплаудирам на твојата „Златна топка“ со голема гордост. Денес го завршуваме ова „дуо на темнината“, но секогаш ќе ги имам за спомен и инспирација нашите видеа од незаборавната ера. Карим, многу ќе ни недостасуваш, ти благодарам за се Легендо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни