Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Верати со чудна изјава по елиминацијата: Бевме многу подобри од нив

Објавено

на

Францускиот ПСЖ ќе мора да почека уште една сезона за да стигне до можност да се бори за најелитниот клупски трофеј во Европа.

Парижаните беа запрени во полуфиналето од Лигата на шампионите од тимот на Манчестер Сити кој славеше и на реванш натпреварот, овојпат со 2:0 и сосема заслужено се пласираше во финалето од Лигата на шампионите.

По крајот на натпреварот кратка изјава за медиумите даде Марко Верати на кого очигледно најтешко му падна ваквиот резултат затоа што и додека беше на теренот покажа голема фрустрација и само чудо го спаси да не заработи црвен картон.

– Верувавме дека може да сториме нешто се до црвениот картон. Креиравме многу шанси. Игравме многу подобро од нив, но потоа примивме гол од првата шанса која ја имаа, исто како и во првиот натпревар. Тоа се случува во фудбалот кога играш против големи противници, а ние мора да веруваме затоа што денес или утре ова ќе ни се случи и на нас, -изјави Верати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни