Поврзете се со нас

Македонија

Вардар заврши со Маврово, најавени се неколку контролки до турнирот во Струга

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkvardar

Екипата на Вардар 1961 во изминатиов период беше во Маврово каде одработи дел од подготовките за новата сезона во која клубот ќе се обиде да дојде и до групната фаза на Европската лига.

„Црвено-црните“ се враќаат во Скопје каде ќе имаат неколку контролки пред настапот на турнирот во Струга кој се игра од 16 до 19 август.

Само да потсетиме Вардар направи доста промени во играчкиот кадар во однос на минатата сезона, некои играчи си заминаа, дел од легендите како Стоилов и Ристовски ставија крај на кариерите, па беа ангажирани млади, талентирани ракометари од соседството и светот кои допрва ќе ги видиме на дело.

Само за потсетување дуелите меѓу Вардар и Рајн Некар Левен во квалификациите за Европската лига се закажани за крајот на овој месец и почетокот на септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни