Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го договори првото засилување за наредната сезона

Објавено

на

Вардар допрва го очекуваат главните битки за титулите во првенството и Купот на Македонија, но црвено-црните во исто време размислуваат и за наредната сезона за која е веќе договорено првото засилување.

Нов член на двократниот европски шампион ќе биде српскиот ракометар Марко Срдановиќ. Медиумите од нашиот северен сосед информираат дека левото крило договорил соработка на „една плус една година“.

Срдановиќ во Скопје доаѓа од Металопластика каде во актуелнава сезона има дадено 88 голови во шампионатот, најефикасен бил против Војводина каде постигнал 9 погодоци.

Останува да се види дали доаѓањето на 25-годишниот Срдановиќ ќе значи и заминување на Дејан Манасков од нашиот најтрофеен клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни