Поврзете се со нас

Англија

Варан посочи во кои клубови може да ја заврши кариерата

Објавено

на

Рафаел Варан реши да стави крај на репрезентативната кариера, па во овој период нема обврски со неговата Франција со што се отвори простор да одработи едно интересно интервју за „GQ Magazine“ во кое говореше на интересни прашања.

Тој одговори зошто се реши да се повлече од националниот тим и како тешкиот распоред може да има големо влијание врз играчите да донесат одлуки како него во блиска иднина, но новедно обелодени и во кои клубови би можел да ја заврши кариерата.

Варан се отвори за репрезентативната пензија и предупреди: Се плашам дека ќе бидеме сведоци…

Иако има само 29 години Французонот веќе размислува на таа тема и доказ за тоа е што даде јасен одговор за „пензионирањете“ кои би го направил во сегашниот дрес на Манчестер Јунајтед, потоа Реал Мадрид и неговата прва љубов Ленс.

-Ќе ја завршам кариерата во Мадрид, Манчестер или Ленс. Нема да се преселам во друг клуб. Ама Реал ми изгледа комплицирано за мене. Играчите обично не се враќаат таму. Најверојатниот исход е дека ќе ја завршам кариерата тука или Ленс. Колби поблиску доаѓате до 30 години, толку повеќе размислувате за тоа, -порача стоперот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни