Поврзете се со нас

Шпанија

Ван Бастен удри по Барселона: Кројф ќе беше засрамен, ова е под нивните стандарди

Објавено

на

Барселона добива доста критики во последно време пред се поради трошењето на големи средства во овој преоден рок и тоа во ситуација кога има проблеми од финансиска природа.

Каталонците исто така се критикувани пред се поради односот кон Френки Де Јонг кој веќе одредено време е на излезни врати или поточно клубот сака да се ослободи од него поради високата плата, но од друга страна Холанѓанецот не сака тоа да го направи иако имаше одлични понуда пред се од Манчестер Јунајтед.

Сето ова придонесе шпанскиот великан да биде на удар, а последниот кој ги нападна е легендарниот Марко Ван Бастен.

-Мислам дека Јохан Кројф ќе беше засрамен од однесувањето на Барселона. Според мене нивниото однесување е далеку под нивните стандардни, -порача Марко за „Зигго Спорт“.

Јохан е икона и легенда на каталонците, човек кој направи многу за клубот како играч, тренер и како човек. Меѓутоа прашање е дали ова што го кажува Ван Бастен е точно затоа што во сегашната управата на клубот е неговиот син Жорди кој има свој збор, улога околу сите операции, потези на шпанскиот прволигаш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни