Поврзете се со нас

Боречки спортови

Успешен настап на охридските таеквондисти на „Балткуп 2021“

Објавено

на

Викендов се одржа меѓународниот отворен Таеквон- до ИТФ онлајн турнир „Балткуп Е-Опен 2021“ кој беше во целосна организација на Таеквон-до ИТФ федерацијаод Естонија.

Турнирот беше организиран преку видео стримови и на истиот изостанаа оние класични спаринг борби, па таеквондистите се натпреваруваа само во една дисциплина, форми (борба со замислен противник).

На турнирот учествуваа околу 350 натпреварувачи од 56 клубови од 17 европски земји, а на истиот учество зеде и охридскиот клуб „Хва Ранг ИТФ“ кој беше претставен со 15 натпреварувачи.

Таеквондистите од Охрид по втор пат учествуваа на ваков турнир на кој освоија девет медали, еден златен, четири сребрени и четири бронзени.

– После  неколку месеци  имавме прилика повторно да го почувствуваме натпреварувачкиот дух, иако е преку интернет сепак желбата за победа ги мотивира нашите натпреварувачи , кои покрај големата конкуренција и пристрасноста на судиите успеаја да не израдуваат со девет медали, -изјави тренерот на клубот, Марјанчо Лазаревски.

Освојувачи на медали се:

 

Теодора Митреска             1  место златен медал       6-5 куп (зелен појас) девојчиња 12-13 год

Елена Јанеска                      2  место сребрен медал       6-5 куп (зелен појас) јуниори девојки 14-17 год.

Софија Колушоска            2  место сребрен медал     6-5 куп (зелен појас) девојчиња 10-11 год

Никола Балчески               2  место сребрен медал    8-7 куп (жолт појас) јуниори  14-17 год

Давид Велковски              2  место сребрен  медал   1 дан (црн појас)  сениори  18-39 год

Христијана Парулеска    3  место сребрен медал     6-5 куп (зелен појас) девојчиња 12-13 год

Давид Крстески                3  место сребрен медал 1 дан (црн појас)  деца  12-13 год

Петар Трифуноски          3  место бронзен медал   8-7 куп (жолт појас) јуниори  14-17 год

Филип Митрески             3  место бронзен медал   8-7 куп (жолт појас) деца  12-13 год

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни