Поврзете се со нас

АТП

Уникатна карикатура од Ѓоковиќ и Јокиќ го воодушеви и светскиот рекет број еден (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Во краток временски интервал, српската спортска јавност доби две причини за огромно задоволство, бидејќи во период од неполни три дена Новак Ѓоковиќ стана рекордер по бројот на освоени грен слем титули, а Никола Јокиќ првпат стана НБА шампион.

Овој огромен успех донесе неверојатно задоволство во соседна Србија и истиот само покажува каква спортска нација се Србите, но успесите на Ноле и Никола донесоа радост и во цел регион.

Честитките не изостанаа од сите земји од поранешна Југославија, а сега еден познат босански уметник направи уникатно ремек-дело на кое не остана рамнодушен ниту Ноле.

Аладин Табаковиќ изработи специјална карикатура која ги опишува трофеите кои ги освоија Ѓоковиќ и Јокиќ, додека двајцата седат во запрежна кола која ја влече коњ.

Оваа фотографија брзо стана вирален хит на социјалните мрежи, а ја сподели и воодушевениот Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни