Поврзете се со нас

Италија

Тудор не се откажува: Има и втор натпревар…

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио не успеа да оствари позитивен резултат во првото полуфинално Куп соочување со Јувентус во Торино, меч во кој домаќините со головите на Киеза и Влаховиќ во второто полувреме дојдоа до триумф од 2-0.

Ова е сосема поинаков резултат од оној пред неколку дена во кој лацијалите славеа со 1-0 во домашниот шампионат.

-Имавме добро прво и лошо второ полувреме. Покажавме карактер за да дојдеме овде, но имаше играчи на кои им треба уште време да се прилагодат и штотуку почнаа да работат со мене. Јуве беше поинаков од пред три дена, потрошивме многу енергија во саботата и веројатно ни беше преголем напор. Имаше огромна разлика во фитнес нивоата, а тоа се покажа во второто полувреме.

-Од четири полувремиња фудбал против Јувентус, три беа одлични. Јуве има поинаков менталитет на домашен терен, има играчи вредни 100 милиони евра и можат да ја направат разликата. Од самиот почеток знаевме дека карактеристиките на овие играчи одговараат на одреден стил, ни треба време да работиме на она што не оди добро и да се надоврземе на работите што кликнуваат, -истакна тренерот Игор Тудор кој вети борба во реваншот.

-Моите момци дадоа се од себе и има уште реванш за играње, па ќе видиме што ќе се случи, -заклучи Хрватот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни