Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Три месеци пауза – три страшни одбрани: Тер Штеген се врати и ги фрли во транс фановите на Барселона (Видео)

Објавено

на

Марк Андре Тер Штеген се врати на голот на Барселона по пауза од три месеци, но тоа што го прикажа вечерва на „Камп Ноу“ изгледаше како Германецот да не отсуствувал ниту еден ден од фудбалските терен.

Барселона со многу мака го победи Динамо Киев со 2:1, а огромна заслуга за новите три бода има токму повратникот во тимот кој едноставно брилјираше меѓу диреците.

Тер Штеген изрежира две страшни одбрани при водство на Барса од 1:0 и спречи да видиме израмнување на гостите од Киев, а потоа дополнително воодушеви и со една рефлексна парада при предност од 2:0.

Трите одбрани на Тер Штеген по пауза од три месеци ги фрлија во бунило фановите на Барселона, но и официјалниот Твитер профил на клубот кој со неверување ги следеше реакциите на Германецот.

Интересно, Тер Штеген имаше супер одбрана и при почесниот гол кој го постигна Динамо, но немаше среќа бидејќи одбиената топка заврши кај Циганков кој ја погоди празната мрежа за 2:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни