Поврзете се со нас

Европски купови

Тренерот на Димитријевиќ ги бркаше судиите во Подгорица (Видео)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец Нено Димитријевиќ и неговата Валенсија доживеаја пораз на гостувањето кај Будуќност во рамките на кошаркарскиот Еврокуп.

Шпанскиот претставник не успеа да дојде до нова победа во Подгорица, а гостинскиот тренер Жоан Пењароја збесна поради одлуката на судиите да не досудат прекршок за неговата екипа во последниот напад.

Пењароја направи скандал во „Морача“, откако почна да трча по судиите кои веќе се упатија кон својата соблекувална, а обезбедувањето спречило поголем инцидент.

Димитријевиќ имаше епизодна улога на дуелот, одигра само десет минути и постигна два поена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни