Поврзете се со нас

Италија

Тонали стави потпис на нов договор и порача: Знаете колку е длабока мојата љубов кон овие бои (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанскиот репрезентативец, Сандро Тонали ја продолжи соработката со шампионот Милан.

Играчот за врска имаше квалитетни партии за „росонерите“ во минатата сезона особено кога најважно и кога „росонерите“ беа под притисок за резултати со кои ќе им се отвори патот до Скудетото. Тие негови изданија му донесоа награда и тој денеска стави потпис на нов договор според кој ќе остане на „Сан Сиро“ до 30 јуни 2027 година.

-Здраво дечки, воодушевен сум што го продолжив договорот и што го продолжив престојот во Милан. Знаете колку е длабока мојата љубов кон овие бои. Ви благодарам за поддршката што ни ја давате. Со ваша поддршка, можеме да постигнеме големи работи, -порача Сандро во првата порака откако стави потпис на новиот договор.

Сандро од 2020 настапува за „црвено-црните“, претходно го носеше дресот на Бреша.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни