Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Терзиќ даваше изјава, па бараше селфи со легендата која го интервјуираше (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Един Терзиќ беше задоволен од реакцијата на неговиот тим на „Метрополитано“, одговор кој според него е јасен сигнал дека „милионерите“ се подготвени да се борат 180 минути со четата на Чоло Симеоне, а може и повеќе доколку има продолженија и пенали.

Поразот од 2:1 остава отворено се за реваншот на „Сигнал Идуна парк“ кој ќе биде на програмата наредната недела, а тренерот на германскиот тим верува дека неговите миленици можат да направат пресврт.

Терзиќ своите први импресии за натпреварот во Мадрид му ги искажа на Алесандро Дел Пјеро кој од време на време соработува со „Си-Би-Ес“, па крајот на интервјуто донесе и една симпатична сцена.

Един на момент ја стави настрана својата улога како тренер и се стави во кожа на вистински фудбалски фан, па откако ја даде изјавата, побара селфи со легендарниот Италијанец.

Нормално, Дел Пјеро не правеше никакви проблеми и Терзиќ си доби спомен кој ќе го памети цел живот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни