Поврзете се со нас

Дејвис куп

Тенисерите без одговор за Молдавија во Дејвис Купот

Објавено

на

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија доживеа пораз од Молдавија со 3-0 во рамките на второто коло од групата Б во Третата Европска зона.

Нашите тенисери немаа одговор за Молдавците, па така прво Берк Бугариќ загуби од Илиа Снитари со 2-1 во сетови, а потоа Калин Ивановски го предаде мечот против Александер Цозбинов во вториот сет при негатива од 5-2 (првиот сет го загуби со 7-5).

И во игра на двојки ќе поминавме подобро, комбинацијата Амар Хусеиновиќ и Обрад Марковски беше надиграна од Илиа Снитари и Александер Цозбинов со 6-3 и 7-5.

По денешниот пораз нашата репрезентација утре во директен дуел со Кипар ќе решава за второто место во групата и со тоа шанса следната година да играме ранг повисоко, доколку загубиме пак ќе играме меч со третопласираната селекција од групата А за опстанок во Третата зона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни