Билијард и Снукер
Така се калеше челикот: Ѓурчиновски со херојски прв настап на ЕП во билијард

Андреј Ѓурчиновски дебитираше како прв Македонец што настапил на Европското првенство во билијард за младинци, а на своите плеќи го имаше и товарот на неискуството бидејќи како 12-годишен играше во категорија на играчи до 17 години!
Европското првенство во билијард се одржа во Петрич, Бугарија, а се играше во три натпреварувачки дисциплини, популарно наречени „осмица“, „деветка“ и „десетка“. Вкупно беа пријавени 140 учесници, а беа распределни во четири конкуренции: поединечно до 17 и 19 години (машки), поединечно до 19 години (женски) и екипно.
Ѓурчиновски играше во сите три натпреварувачки дисциплини и се соочи со далеку повозрасни и поискусни ривали, но без трема стартуваше со две победи во дисциплината „десетка“ со што извојува пласман во најдобрите 32 играчи. Најпрво го совлада Словенцот Блаж Рус со 6:2, а потоа Италијанецот Давиде Сини со 6:5, за во елиминациската фаза да се сретне со Полјакот Адам Сваџба од кој претрпе пораз со 6:4.
Во дисциплината „осмица“ која беше следна на програмата Ѓурчиновски повторно стартуваше со победа над Французинот Јан Гузин со 6:4, а потоа и со Новежанецот Дидриг Вога Берг со 6:5. Во елиминациската фаза, повторно влезе меѓу 32 најдобри, но имаше пораз од Германецот Ерај Син со 6:3.
На крајот, во дисциплината „деветка“, Ѓурчиновски го загуби првиот меч од Рику Ромпанен од Финска со 7:3 (при што неговиот противник стигна до полуфиналето и борба за медал која се игра денес), а во вториот меч загуби со 7:2 од Германецот Феликс Фогел, кој освои злато во дисциплината „десетка“.
– Ова беше прекрасно искуство и делува мотивирачки кога знам дека не заостануваме зад ривалите. Видов дека и меѓу најмладите има врвни професионалци, дисциплинирани играчи кои работат со тренери и психолози за да напредуваат на секое поле. Сакам да се заблагодарам до Агенцијата за млади и спорт, но и до БСК Гран Клуб и Билијард федерацијата на Македонија, кои ми овозможија да настапам на ова Европско првенство,- изјави Ѓурчиновски.
– Успесите на Андреј ја израдуваа спортската јавност во Македонија. Да се оствари победа на Европско првенство е нешто што тешко им оди дури и на сениорите. Андреј е на вистинскиот пат и неговите успеси и даваат смисла на нашата работа,- рече Димитрие Маневски, претседател на Билијард федерацијата на Македонија.
На почетокот од летото, на Европското првенство во снукер Македонија беше претставена од пет играчи, еден во младинска и четири во сениорска конкуренција. Сега активностите продолжуваат со организацијата на Петтиот мастерс од државното првенство во билијард кој е предвиден да се игра во првиот викенд од септември оваа година.
-
Балканпред 23 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
Италијапред 14 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
АТПпред 17 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Шпанијапред 23 часа
Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите
-
Францијапред 22 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 15 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 19 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…