Поврзете се со нас

Италија

Спалети врескаше по Елмас, Распадори донесе драматична победа за Наполи (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Наполи многу потешко од очекувањата дојде до посакуваната победа на денешната лигашка пресметка против Специја во Серија А.

Избраниците на Лучијано Спалети долго се мачеа да го скршат отпорот на аутсајдерот, односно тоа се случи дури во 89 минута кога Гаетано кој влезе на местото на нашиот Елиф Елмас го проигра Распадори за славје од 1-0.

Со овој триумф наполитанците се на првото место во Калчо лигата.

Елмас беше стартер на овој натпревар и играше до 75 минута, а и на овој меч забележки за неговата игра имаше од тренерот Лучијано Спалети кој врискаше по Македонецот во првиот дел, нешто што се слушна и во ТВ преносот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни