Поврзете се со нас

Евролига

Сопственикот на Панатинаикос за ангажманот на Слукас: Не сме киндапирале никого

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/dpg7000

Костас Слукас предизвика голем шок за фановите на Олимпијакос, прифаќајќи ја понудата на најголемиот и најомразен ривал Панатинаикос, а овој трансфер отвори и жестока дебата во јавноста.

Контроверзниот претседател на ПАО, Димитрис Јанакопулос е во центарот на вниманието и фановите на Олимпијакос сметаат дека тој му правел притисок на ветеранот, за што и самиот реагираше.

– Немало притисоци, киднапирања и слични работи, за жал таквите коментари мотивираат насилство.

– Еден клуб реши да не смета на еден кошаркар бидејќи тој не влегува во неговите планови, а другиот клуб реши да го ангажира.

– Деновите кога екипите и играчите беа „врзувани“ се минато, нас не не интересира од кој клуб доаѓа, туку веруваме дека Слукас е вистински избор да биде наш лидер, – изјавил Јанакопулос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни